мали чекори..

посветен тим..

кон големи промени..

Центар за медицина, екологија и истражување

ЗДРАВЈЕ

Превенција на болести и здравствени состојби преку промовирање на здрави навики на повеќе нивоа во општеството

ЕКОЛОГИЈА

Обезбедување на безбедност и здравје на работното место, заштита на животната средина, заштедата на енергијата и природните ресурси

ИСТРАЖУВАЊА

Прибавување на нови сознанија, истражување на причинители, трендови и навики како предуслов за ефективни интервенции

Имате прашања?

Како може да донирам?

Преку вашата  донација може да дадете значаен допринос за подобро здравје на сите. Истата може да ја направите преку уплата на следната жиро сметка:

За: МЕРЦ,
Адреса: Ул.Ленинова 14, Скопје, Македонија
Жиро сметка : 380176916102187
Банка: Прокредит Банка, Скопје

Поволности за донации од физички и правни лица.

Законот стимулира донации и заштеди при донирање на средства, зошто да не инвестирате во вашето здравје и јавното здравје без загуба на срества? ( за повеќе информации контактирајте не и во прилог законот за донации и спонзорства.)

1.        Физичко лице кое донира има право на намалување на пресметан, а неплатен персонален данок на доход или враќање на платен персонален данок на доход утврден врз основа на неговата годишна даночна пријава (образец ПДД – ГДП) во висина на донацијата, но не повеќе од 20% од износот на неговиот годишен персонален данок на доход, а најмногу до 24.000 денари

2.       (1)  На даночниот обврзник на данокот на добивка кој донирал средства на правно лице износот на дадената донација во тековната година според одредбите на овој закон му се признава како расход во висина до 5% од вкупниот приход.

  1. (2)  На даночниот обврзник на данокот на добивка кој спонзорирал средства на правно лице износот на даденото спонзорство во тековната година според одредбите од овој закон му се признава како расход во висина до 3% од вкупниот приход.
Која е мисијата на МЕРЦ?

МЕРЦ е невладина, непрофитна организација на граѓани која работи на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во Македонија преку истражувања и проекти од областа на здравјето на луѓето и животната средина, со активно учество во креирањето на политиката во областа на здравството, здравствената едукација и екологијата.

Како може да се вклучам?

Доколку имаш желба и време кое можеш да го одвоиш да придонесеш во остварување на нашите цели и активности прати ни твое кратко резиме (CV) за да може да те вклучиме во нашите активности  кога ни е потребно лице со твојата област на познавање.

На кој начин функционирате?
МЕРЦ ги остварува своите цели со помош на средства обезбедени преку:
–  Спонзорства и донации
–  Провизии за извршени истражувања од нашата организација
–  Фондации
–  Сопствени активности за собирање на донации
–  Правни лица преку законот за собирање на донации и спонзорства
Како се трошат средствата кои ги донирам?

Потребна ни е вашата поддршка и донација, за да продолжиме со едукации, обуки, превенција, истражувања. Донираните средства ќе се искористат за одржување на нашите активностите и програми кои се насочени кон превенција на заразни болести (туберкулоза), хронични болести (дијабетес, кардиоваскуларни болести), здрав раст и развој на децата, зајакнување на семејствата како основа за едно здраво општество и активности за унапредување на здравјето на нашето општество.

Наши партнери

Посебна благодарност сакаме да изразиме кон нашите поддржувачи и донори без кои нашите активности би биле невозможни.  Јакнење на заедниците, тренинзи, обуки, едукации, истражувања, јавни кампањи, директна помош, застапувања. Средствата значат помош на лицата на кои навистина им треба.

Контактирајте нè

Leninova 14

merc.ngo@gmail.com

Скопје. Адреса: Ленинова 14.