За нас

историја….сегашност…..иднина…..

Every new beginning comes from some other beginning’s end – Seneca

Општи информации

Центарот за медицина екологија и истражување МЕРЦ e невладина, непартиска и непрофитна организација, регистрирана по законот за здруженија на граѓани Јануари 2010 година. Оваа година свечено ја одбележaвме шестгодишнината од своето постоење и по тој повод се донесе одлука да ја изградиме оваа вебстрана.

Организациска структура

МЕРЦ функционира под водство на управен одбор од 5 члена, експерти во различни области и извршна функција – претседател. Персоналот на МЕРЦ се состои од програмски директор, проект менаџер, медицински координатор, ДОП мониторинг лице, правен офицер и сметководство. Активностите на МЕРЦ се поддржани од голем број волонтери и членови на МЕРЦ кои работат на доброволна основа. Низ овие години МЕРЦ е во постојан процес на надоградување, подобрување и постојано менување. Изминатиот период не збогати со значано искуство во полето во кое дејствуваме.

Нашата мисија

МЕРЦ е невладина, непрофитна организација на граѓани која работи на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во Македонија, преку истражувања и проекти од областа на здравјето на луѓето и животната средина, со активно учество во креирањето на политиката во областа на здравството, здравствената едукација и екологијата.

Нејзината мисија МЕРЦ ја реализира преку различни програми и истражувачки проекти ориентирани кон заедницата, со цел да се имплементираат одредени политики и поддршка на централната и локалната власт во нивната комуникација и соработка со бизнис секторот и невладините организации. Усогласување со Европските стандарди во областа на здравството и екологијата претставува наш патоказ.

Нашата визија

МЕРЦ е препознатлив партнер на државните институции на локално и на централно ниво во процесот на креирање политики кои директно влијаат на квалитетот на животот во социјалниот и здравствениот систем и негово усогласување со Европската Унија. МЕРЦ е призната организација на регионално и европско ниво и стратешки партнер на други невладини организации од европските земји.

 

pain-meeting
Wolfheze-workshop

Персоналот на МЕРЦ е вклучен во континуиран процес на градење на капацитети и професионален развој и во изминатите години во тој контекст има посетено десетици обуки, семинари, конгреси и работилници на национално и интернационално ниво.

МЕРЦ е член на повеќе национални и интернационални мрежи како СТОП ТБ Партнерството, Европската алианса за болка, ТБ Европска коалиција, ТБ национална платоформа.

Целокупната работа на МЕРЦ е транспарентна и следена од страна на фонд агент на донорите. Истата подлежи на независна надворешна ревизорска институција на годишно ниво.

merc-hanging-logo

Преку иницијатива и идеја до реализација

Контакт