
За туберкулозата сега повеќе од секогаш
Aприл-2012-Октомври 2016
Според Светската здравствена организација во 2015та во Македонија се регистрирани 284 нови случаи на лица заболени од туберкулоза.
Туберкулозата се уште претставува глобален медицински проблем пред се во неразвиените земји и земјите во развој. Денес, една третина од светската популација е инфицирана со туберкулозниот бацил. Кај 10% од инфицираните во текот на животот се развива болест. Според податоците на Светската здравствена организација, секоја година во светот се регистрираат над 8 милиони нови случаи на туберкулоза а умираат над 2 милиони. Појавата на резистентни форми на туберкулоза чиј број континуирано се зголемува, е една од причините која придонесува за големината на проблемот со туберкулозата. Денес во светот има приближно половина милион заболени од резистентни форми на туберкулоза. Епидемијата на ХИВ/СИДА во светот придонесе за значително зголемување на бројот на болни од туберкулоза. ХИВ инфекцијата е најмоќен познат фактор што овозможува прогресија на туберкулозната инфекција во болест.

Информативен постер за туберкулозата
МЕРЦ
Со цел за што поуспешна контрола на туберкулозата во Република Македонија, намалување на ризикот од ширење на инфекцијата, спречување на коинфекција меѓу туберкулозата со ХИВ инфекцијата, МЕРЦ во изминатите години делува со низа активности како дел од својата програма за рано откривање и спречување на болеста. Крајната цел е правилно и навремено лекување на секој болен од туберкулоза со што се прекинува ланецот на ширење на инфекцијата.
“Предизвикот со кој се соочува нашето општество во моментов е пораст на бројката на заболени од туберкулоза поради прекин на финансирањето од страна на државата на низа активности и сервиси на граѓанскиот сектор”
Лицата кои живеат во најтесното опкружување на лицето кое е болно од туберкулоза или се лекува од туберкулоза се во директен ризик од инфекција. Во нашето општество сеуште има многу предрасуди (стигма) и неинформираност во врска со туберкулозата како болест, нејзините симптоми, лекувањето и начините за спречување. Поради тоа МЕРЦ со своите едукатори и соработници во Скопје, Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Прилеп, Струмица и Куманово во изминатите години организираше низа обуки преку мобилизација на локалното население и споделување на информативни материја кои го третираат овој проблем. До 2016та година во рамки на овие обуки до сега поминато едукација имаат 2139 лица заболени од туберкулоза и 4372 лица членови на нивни семејства или непосредно опкружување во кое живеат.

Обука во туберкулозен диспанзер
Во делот на рана превенција и подгигнување на свеста за туберкулозата, спроведовме едукации во основни училишта во Скопје и околината на вкупно 2278 ученици. Беа изготвени адаптирани презентации за возраста кои ги презентираа наши едукатори и преку дискусија со учениците се разговараше за · ТБ како болест, симптоми, дијагностицирање, превенција и третман.

МЕРЦ продолжува и понатака со низа активности со крајна цел конечно елиминирање на туберкулозата во Р. Македонија.
Превземи брошура со информации за туберкулозата кои добро е секоја личност да ги знае.