ngo-capacity-building

Права на пациентите со болка

2013/2014

Партнерство со АЦН во проект “Препораки за постапување кај пациентите со хронична болка”

Хронична болка влијае на околу 20% од возрасната популација во Европа, но и покрај тоа таа и понатаму останува лошо менаџирана и не-третирана, што влијае не само на пациентите, туку и на општеството во целина.

Хронична болка има директен ефект на квалитетот на живот на лицата кои страдаат од неа. Време е за националните власти во Македонија како и ЕУ да ја признаат хронична болка како приоритет и да се обезбеди подобра дијагноза, фонд за истражување, да се прилагодат здравствените осигурувања и гаранција дека лицата кои страдаат од болка ќе го добијат својот третман.

За таа цел МЕРЦ склучи соработка со АЦН од Италија и со 18 други организации во рамки на Алијансата против болка на ниво на Европската Унија. МЕРЦ учествуваше во истражување за третманот на пациентите со болка и состаноци за лобирање за препознавање на хроничната болка како посебен ентитет.

Примарни цели на проектот се:

  • Хроничната болка да се препознае како посебна дијагноза
  • Да се зголеми свесноста за хроничната болка
  • Да се лобира за Европска регулатива за хронична болка
  • Да се намали влијанието на хроничната болка во сите области во Европското општество
pain-management-macedonia

Состанок на Алијанса против болка.

Европски парламент – Брисел.

Во периодот 2013-2014та година земавме учество во истражување за тоа како се постапува со пациентите со болка во Македонија. Со помош на структуриран прашалник стандардизиран за земјите во Европската Унија, ги интервјуиравме Здружението на лекари по општа семејна медицина (ЗЛОМ-СМ), Здуржението на сестри на Р.Македонија, Професионалци кои работат со болка во здравствениот систем, претставници од Министерството за здравство, Претставници на здруженија на пациенти.

Беа оддржани повеќе состаноци во Брисел со цел да се презентираат искуствата од истражувањата од повеќе земји. Со помош на истражувањата беа изработени препораки. Сите партиципанти се посветија да лобираат за вклучување на препораките за промени за конкретни чекори кон промена на здравствените прописи во земјите од каде доаѓаат.

Повик за итна акција на национално и Европско Ниво.

Pain Pathways Recommendations.

Сите партнери ќе продолжат во насока на остварување на препораките и ќе се продолжи да се лобира на Европско ниво се додека не се овозможи третман на лицата со хронична болка.

Иако Македонија не е сеуште членка на Европската Унија, овој проблем ја засега подеднакво како сите членки. Поради тоа МЕРЦ и во иднина ќе продолжи да ја поддржува оваа иницијатива и нејзината реализација кај нас.

Презентација за менаџирање на хронична болка во Р.Македонија.                                                                                                                                                     Претставник на министерство за здравство на Р.Македонија.