Рано откривање на туберкулоза кај групи со ризик

Октомври 2016

Скрининг за туберкулоза кај лица со дијабетес во примарна здравствена заштита

Овој проект претставува резултат на глобалната иницијатива на Интернационалната унија против туберкулоза и белодробни заболувања за активно пронаоѓање на лица со туберкулоза.

Дијабетесот го слабее имунолошкиот систем и го зголемува ризикот од заразување од туберкулоза за 3 пати. Денес, 387 милиони луѓе се заболени од дијабетес во светот, каде 77 проценти од случаите се во земјите со низок и среден приход, каде што ТБ е најраспространета како болест. Се проценува дека бројката на лица дијабетес ќе се искачи на 592 милиони луѓе до 2035 година, и со тоа ќе се зголеми и ризикот за распространување и на глобалната ТБ.
Неодамнешните студии покажуваат дека меѓу 16 и 46 проценти од луѓето кои живеат со ТБ, исто така, имаат дијабетес, а многумина не се свесни за тоа. Со околу девет милиони случаи на туберкулоза секоја година, приближувањето на двете болести се заканува да стане голема здравствена криза.

THE LOOMING CO-EPIDEMIC OF TB-DIABETES.

The Union

Туберкулозата и дијабетесот комуницираат едни со други на повеќе нивоа, со една болест се влошува другата. Меѓу луѓето кои се лекуваат од ТБ, оние со дијабетес остануваат заразни подолго, имуниот одговор на третманот за туберкулоза е помал и имаат значително поголема веројатноста за појава на туберкулоза по успешното лекување или дури умираат од оваа болест.
ТБ може привремено да го зголеми нивото на шеќер во крвта, состојба позната како нарушена толеранција на глукоза, што е фактор на ризик за развој на дијабетес. Покрај тоа, некои лекови кои се користат за лекување на туберкулоза (особено рифампицин) може да се направи потешко да се контролира дијабетесот поради  интеркациите со оралните лекови за дијабетес. Постои зголемена загриженост дека оралните лекарства може да ја намали ефикасноста на ТБ лекови. Лекарите се уште не знаат како точно да се оптимизира контролата на гликоза кај луѓето кои имаат туберкулоза и дијабетес.
Во 2013 година од ТБ се умрени околу 1,5 милиони луѓе, според Светската здравствена организација, што е вториот водечки светски причинител за смртност од една заразна болест.

 

“Еден од тројца луѓе во светот живеат со латентна инфекција на туберкулоза која може да се развие во активна болест, туберкулоза, во одреден момент во својот живот.”

Во таа насока МЕРЦ со помош на Глобалниот фонд за борба против Туберкулоза, Маларија и Сида и Министерствотор за здравство на Република Македонија спроведува скрининг на група на лица со дијабетес во примарна здравствена заштита во соработка со семејните лекари. Овој скрининг ќе овозможи рано откривање на потенцијално заразени лица со туберкулоза кои веќе имаат дијагностицирано дијабетес. Воедно ќе даде значајни податоци за поврзаноста на овие две болести кај популацијата во Р. Македонија и можност да се извлечат заклучоци за понатамошни чекори.

prevalnce-diabetes-macedonia

Преваленца на дијабетес во Македонија во 2015 година.

Светска здравствена организација

Се очекува во 2017та година да имаме поточна слика за корелацијата на овие две болести кај нас.

prevalnce-diabetes-macedonia

Процент на ТБ случаи кај лица со дијабетес.

Интернационална фодација за дијабетес