ngo-capacity-building

Центар за грижа во домот на болниот

Април 2011 – Октомври 2011

Оддржлив модел на домашна нега на хронично болни, изнемоштени и стари лица.

Пред неколку години хронични болести се сметаа за проблем на богатите и на постарата популација. Денес знаеме дека освен во високо-развиените земји и сиромашните, како и млади и средовечни луѓе се засегнати од хронични состојби.

Економските импликации на овие болести се исто така сериозни. Хронични болести ги намалуваат платите, работната сила и продуктивноста на трудот како и зголемување на предвремено пензионирање и инвалидитет.

Терминот хронични болести традиционално ги вклучуваат следните болести : кардиоваскуларни болести, дијабетес и астма или хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Во овој тип на заболување сега исто така се вклучени многу видови на рак, ХИВ / СИДА, ментални нарушувања (како што се депресија, шизофренија и деменција), очните оштетување и артрози. Многу хронични заболувања и состојби се поврзани со стареењето на општеството, но и се поврзуваат со избор на животен стил, како што се пушењето, сексуално однесување, исхрана и вежбање, како и генетските предиспозиции. Повеќето здравствени системи денес, сепак, се уште се структурирани околу акутните епизоди.

Моменталната организација на долго трајната нега во Република Македонија не му обезбедува целосен квалитет на корисникот, еднаквост и потребниот пристап на услугите. Се соочуваме со недоволна контрола и неактивна улога на корисникот или семејството. Во локалните средини, понудата за транзициска помош, како дневни центри, помош во домашни услови за да му се овозможи на корисникот да живее во својата домашна околина е недоволна, особено кај старите лица. Многу од формите на помош се слабо координирани и во локалните средини често недостапни за корисникот поради недостаток на финансиски средства, информации, пристапност и сл. 

По отпуштањето од болница негата треба да ја превземе примарното здравствено ниво. Јавниот здравствен систем овој недостаток го надополнува со патронажните служби (која е поливалетна, малубројна и има главно советодавна улога) и домашното лекување (кое е малубројно и неуспева да опслужи доволно лица).

Тематски обуки за медицински сестри и негователки

МЕРЦ

Центарот за медицина, екологија и истражување МЕРЦ во периодот од 01 април до 30 септември 2011 година на територијата на општина Карпош го имплементираше пилот проектот „Центар за грижа во домот на болниот“- Развој на интегриран, општински модел за грижа на хронично болни и изнемоштени лица со ад хок грант на ЦИРа во рамките на програма СИВИКА МОБИЛТАС од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDS). Основната цел на овој пилот проект е представување на нов, одржлив систем за грижа на хронично болни, изнемоштени и стари лица на општинско ниво.

Пилот проектот се спроведуваше во период од шест месеци а се состоеше од следните основни програмски активности:

  • –   Истражување на постојните политики и услуги што ги дава локалната самоуправа во сегментот на примарната здравствена заштита (ПЗЗ)
  • –   Анализа од истражувањето (Студија)
  • -  Селекција на потенцијални корисници(семејства од општиан Карпош) имедицински сестри/негувателки. Обука на медициските сестри/негувателки.

“Од извршената теренска анкета и квалитативното истражување се потврди нашата хипотеза дека интегриран модел за грижа со активна финансиска партиципација на локалната самоуправа како партнер на семејствата на хронично болните лица е ефикасно решение за актуелните проблеми на ова поле.”

Од извршената теренска анкета и квалитативното истражување се потврди нашата хипотеза дека интегриран модел за грижа со активна финансиска партиципација на локалната самоуправа како партнер на семејствата на хронично болните лица е ефикасно решение за актуелните проблеми на ова поле.

Модел на грижа во домашна е придобивка за сите.

„Центарот за грижа во домот на болниот“ се состои од селектирани медицински сестри/негувателки и корисници на услугите(семејства од општина Карпош). Во рамките на пилот проектот што го спроведуваше МЕРЦ и расположливите средства беа вклучени вкупно четири семејства во период од 3 до 1 месец . Кај семејствата во зависност од нивните потреби и здравстсвената состојба на директинот корисик на услугите(член на семејството) беше ангажирана медицинска сестра или негувателка која се грижеше за истиот во временски интервал од 04 до 08 часа во текот на секој работниот ден. Евалуацијата од страна на семејствата корисници на нашите услуги ја потврдија големата потреба од ваков модел но и задоволството на корисниците и давателите на услуги во однос на квалитетот на дадедните услуги во домот на семејставата.

Со цел одржливост на моделот за грижа на хронично болни лица од една страна и создавање на институционален систем за грижа но во домот на болниот Центарот за медицина, екологија и истражување МЕРЦ поднесе Иницијатива за формирање на “Центар за грижа во домот на болниот” Интегриран општински модел за грижа на хронично болни и изнемоштени лица.

Понудениот модел за финансиска одржливост на пилот проектот се базира на сопствените истражувања на МЕРЦ на теренот на општина Карпош. Но и покрај нашето лобирање и презентирање на резултатите  тогашниот совет на општината не го изгласа овој модел на финансирање поради други финансиски приоритети на општината во тој момент.