ngo-capacity-building

Јакнење на капацитети на граѓански сектор

Април 2014 – Март 2015

Само-проценка и градење на капацитети на граѓански организации и нивни членови

Со цел да се постигне ефикасна борба против туберкулозата, постои потреба да се зајакне капацитетот на националниот одговор кон борбата за туберкулоза.

Оваа активност беше насочена да се направи средина во која ќе зголеми подршката на превентивната програма преку партнерство на граѓанскиот сектор и владиниот сектор со цел зајакнување координираниот одговор во борбата против ТБ, потреба која произлегува од Националната стратегија за борба против туберкулозата 2013-2017 од Министерство за здравство.

ngo-training

Обука:Стратегиски и организационен менаџмент.

Хотел Парк

Со поддршка на  Германската канцеларија за интернационален развој (GIZ) успеавме да мобилизираме девет невладини организации и тоа Хуманитарно – добротворно здружение на Ромите “Месечина” – Гостивар – Огранок Дебар, Младински Клуб – Штип, Организација на жени – Свети Николе; Здружението за едукација, менаџмент и консултантски, ЕУ консалтинг-Прилеп, Општинскиот Црвен крст Охрид, еколошко друштво “Треска” Македонски Брод, НВО ХЕЛП Гостивар, НВО Доверба – Скопје, НВО Се за храна – Битола.

“Повеќето од организациите со помош на алатка за само – проценка покажаа објективност при оценување на нивните способности”

Во периодот април 2014 – април 2015 беа оддржани 4 дводневни работилници каде уште на почетокот на обуките, учесниците заедно со нашите експерти ги дефинираа приоритетите кои се ќе се работат понатаму. Четирите обуки беа дизајнирани специјално за потребите на учесниците и секој од учесниците беше директно вклучен во имплементација на наученото во пример од организацијата од која доаѓа.

ngo-training-capacity-building

Обука: Управување со човечки ресурси

Хотел Дувет

Според наодите на евалуационите листи на учесниците како позитивно ги оценија придобивките од учеството во работилниците од теоретски и практичен аспект. Она што планираат да го сторат по враќањето во своите организации е споделување на искуства и знаења со другите членови и воведување на новини и одредени промени во понатамошното работење.

ngo-capacity-building3

Останува предизвикот за заеднички настап во прашања кои се од заедничи интерес, како подобрување на јавното здравје, активирање во заеднците во кои функционираат и поддигнување на свесноста за туберкулозата, начините за превенција и контрола.