ngo-capacity-building

Син Камен Мост – Светски ден на дијабетесот

14 Ноември 2010

Прмотивен настан –  Осветлување на камениот мост во сино како симбол во борбата со дијабетесот

Повод за настанот “Син Камен Мост” во организација на МЕРЦ беше Blue Monument Challendge по повод Светскиот ден на дијабетесот 14 Ноември. Истиот беше поддржан Ново Нордиск Фарма и град Скопје.

Светскиот ден на дијабетес е официјален на Обединетите нации. Се слави секоја година на 14 ноември. Датумот беше избран поради тоа што го одбележува роденденот на Фредерик Бентинг, кој заедно со Чарлс Бест, е заслужен за откривањето на инсулинот во 1921 година. Светскиот Ден на Дијабетес е претставен со логото син круг. Синиот круг е глобален симбол на дијабетес и го означува единството на глобалната дијабетес заедница во одговор на дијабетес пандемија.Светскиот Ден на Дијабетес беше креиран од страна на Меѓународната федерација за дијабетес (IDF) и Светската здравствена организација (СЗО) во 1991 година, како одговор на загриженоста поради зголемената инциденца на дијабетес во светот.

Промотивни флаери

Камен мост – Скопје

Дијабетеседукација и превенција е тема за светскиот ден во периодот 2009-2013 година. Кампањата ги повикува сите оние кои се одговорни за грижата на болните од диајбетес , за да се разбере дијабетесот и да се преземе контролата врз него. За луѓето со дијабетес, ова е порака за зајакнување преку едукација. За владите, тоа е повик за спроведување на ефективни стратегии и политики за превенција и справување со дијабетесот. За здравствените работници, тоа е повик да се подобри знаењето, така што препораките базирана на докази да се стави во пракса. За општата јавност, тоа е повик да се разбере сериозно влијанието на дијабетесот и да знаат како да се избегне или одложи дијабетесот и неговите компликации.

“Скопје и Р.Македонија за прв пат учествуваа во предизвикот на осветлување на значајни објекти во сина боја по повод светскиот ден на дијабетесот”

На денот беа подготвени и распределени 1000 промотивни флаери, постери, беџеви и друг промотивен материјал со едукативни пораки со информации за препознавање и превенирање на дијабетес.

Превземи контрола врз дијабетесот веднаш!

Главната порака на денот беше ” Превземи контрола на дијабетесот веднаш!” Во 2010 година беа осветлени 700 монументи во 76 земји. Во 2015 бројот на земји учеснички изнесува 86 со повеќе од 1000 осветлени објекти/споменици.

МЕРЦ и понатаму  има активности поврзани со дијабетесот, чие рано препознавање, превенција и третман се од особен интерес во нашата работа.